Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време со температура до 19 степени

Утре сончево време со температура до 19 степени

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 12 до 19 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во следниве денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат.

Од вторник ќе има повеќе облачност, понестабилно време со појава на повремен врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение за таткото и двете ќерки од Крива Паланка, спречиле службени лица да одземат добиток

Филипче: Нападот врз Инфомакас е почетокот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја скрие вистината  за мигрантите

Мнозинството граѓани сметаат дека религијата влијае врз политичките процеси