Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време со температура до 12 степени

Утре променливо облачно време со температура до 12 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови. Ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен уште од изутрина во пошироко Повардарие, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и постудено. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Следува период на стабилно и суво време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за утринска магла и ниска облачност по котлините.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Миноски: Без мерките на Народната банка, Алта можеше да се соочи со масовно повлекување на депозитите

Миноски: Алта банка е ликвидна, но проблемите со сопственикот ја разнишуваат довербата

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка