Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Можете да прочитате

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место

Стојаноски: ЈО да постапи по тврдењата на Жан Митрев дека Филипче и Заев сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката

Магла и слаби врнежи од снег кај Плетвар