Утрински Весник
Македонија

Утре пристигнуваат кинеските вакцини

Утре пристигнуваат кинеските вакцини

Рано утре ќе пристигнат 200.000 вакцини на „Синофарм“ кои беа набавени во директни преговори со производителот.

Како што информираат од Министерството за здравство, на испораката на вакцините ќе присуствуваат министерот за здравство, Венко Филипче, и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја, Џанг Ѕуо.

Вакцините од Истанбул беа транспортирани за Белград, од каде со специјални камиони ќе пристигнат во Скопје.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од вторник по празниците би почнал процесот на имунизација со овие вакцини. Тој очекува во наредниот период да се вакцинираат и по 10 илјади граѓани дневно.

Досега против Ковид се вакцинирани 60 илјади лица во земјата.

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч