Утрински Весник
Македонија

Утре, претпладне магливо и облачно, попладне сончево со температури до 23 степени

Утре, претпладне магливо и облачно, попладне сончево со температури до 23 степени

Времето утре, претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо и со значителна ниска облачност, попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност.

До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено вдолж Повардарието.

Можете да прочитате

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

Прекршочна постапка против општина Струга и одговорното лице – не го поставиле државното знаме при прослава по повод Денот на aлбанското знаме

Уапсени рзабојници, ограбиле финансиско друштво во Скопје, а биле барани и со потерница поради бегство од затвор