Утрински Весник
Македонија

Утре почнува грејната сезона

Утре почнува грејната сезона

Почнувајќи од утре, 7 октомври, започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје.

„Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15 октомври, поради пониски просечни дневни температури

Можете да прочитате

Кривична за три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законска основа