Утрински Весник
Македонија

Утре постудено време со силен ветер, на планините ќе провејува снег

Утре постудено време со силен ветер, на планините ќе провејува снег

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец(над 70км/ч.), особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утре ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70км/час), а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

Експерти предупредуваат: Современите закани сè повеќе доаѓаат преку технологијата и дезинформациите 

ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Во едно соопштение СДС со обвинувања за србофилство, во други за бугарофилство, а Филипче и Заев со златни визи од Дубаи