Утрински Весник
Македонија

Утре облачно со температури под нулата во утринските часови

Утре облачно со  температури под нулата во утринските часови

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Според УХМР, до недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата.

Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.

Можете да прочитате

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите

Заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација