Утрински Весник
Македонија

Утре облачно со обилни врнежи, во недела локален дожд и снег

Утре облачно со обилни врнежи, во недела локален дожд и снег

Утре се очекува облачно време преку целиот ден со пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а локално и над 40 литри на метар квадратен воден талог.

Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Во утринските часови ќе дува засилен ветер од југоисточен, а во текот на денот слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје, ќе биде облачно преку целиот ден со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во недела ќе има слаб локален дожд и снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна