Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и студено со врнежи од снег

Утре облачно и студено со врнежи од снег
Screenshot

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени.

Pet Utrinski

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија