Утрински Весник
Македонија

Утре облачно време со повремени врнежи од дожд

Утре облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет, информира УХМР.

Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Можете да прочитате

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува