Утрински Весник
Македонија

Утре истекува рокот за финансиска помош од општина Аеродром

Утре истекува рокот за финансиска помош од општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека утре, 31 март (четврток), е последниот ден за пријавување на двата јавни повика за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата, како и за финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.

Огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“, информираат од општината.

Со финансиската поддршка Општина Аеродром очекува да се подобри работата на здруженијата, фондациите и спортските клубови кои придонесуваат за развој на спортот, образованието, културата, како и заштитата.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Струга Ќура најави откази на сите што земаат плата, а не одат на работа

Фрчковски: Власта не разбира дека ја води Македонија, а не Вмровија

„Канал 5“: 37-годишна мајка на две деца почина по две операции на Дигестивна хирургија – семејството обвинува за лекарски грешки