Утрински Весник
Македонија

Утре започнува Меѓународниот фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“

Утре започнува Меѓународниот фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“

Утре, со почеток во 18:00 часот, во Кинотека на Македонија, под мотото „Убавината ве чека“ ќе се одржи десеттото јубилејно издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест. На него ќе бидат прикажани 15 анимирани филмови во вид на филмски маратон.

„Целта на меѓународниот филмски на Анимакс Скопје Фест е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот“ велат од Анимакс Скопје Фест.

Филмовите во официјална програма се избрани од голем број анимации, меѓу кои најголем број од Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија, Бразил и други. Но, поради специфичната здравствена ситуација во светот, овогодинешното издание ќе биде ревијално, односно без натпреварувачки карактер.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка на Град Скопје и во соработка со Кинотека на Македонија.

Повеќе информации околу програмата може да се прочита на овој линк.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите