Утрински Весник
Македонија

Утре дождливо, со снег на повисоките места и планините

Утре дождливо, со снег на повисоките места и планините

Во 16 часот биле измерени 83 сантиметри снег на Попова Шапка, 44 сантиметри во Маврови Анови, 39 сантиметри во Лазарополе, 25 во Пожаране, 9 сантиметри во Гостивар, 8 во Претор и 6 сантиметри во Тетово.

Според УХМР, преку ноќ врнежите ќе се преместуваат кон источните делови и до изутрина само локално ќе проврнува. Преку ноќта ветерот ќе премине во северен.

Утре според најавите особено претпладне, ќе има слаб локален дожд претежно на југоистокот и повремен снег во планинските региони, а понекаде на повисоките места повремениот дожд кој ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 2 до 9 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено