Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уставниот суд на Франција ги одобри потврдите за вакцинација

Уставниот суд на Франција ги одобри потврдите за вакцинација
Img 7972

Уставниот суд на Франција денеска ги одобри повеќето одредби од спорниот закон со кој се воведува потврда за вакцинација со цел заштита на јавното здравје во време на пандемија.

Собранието во неделата го усвои конечниот текст, а потврдата за вакцинација ќе се применува од понеделник, 24 јануари, како што најави премиерот Жан Кастекс.

Според новиот закон, сите лица на возраст над 16 години ќе треба да имаат потврда за вакцинација за да влезат во локали за забава, ресторани и барови, саеми и јавен превоз што ги поврзува провинциите.

Негативен тест повеќе нема да биде доволен, освен за влез во здравствени установи.

Сепак, цензурирана е можноста организаторите на политички собири да бараат санитарна пропусница од учесниците.

На поцик од групата Непокорна Франција (радикална левица), шеесетина претставници на различни партии, како и сенатори од социјалистичката партија, побараа од Уставниот суд да ја оцени уставноста на предложениот закон бидејќи сметаат дека една одредба ги нарушува основните слободи.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори