Утрински Весник
Македонија

Успешна првата траснплантација на срце во земјава

❤

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиорирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги., напиша Филипче.

Првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор, ја изврши тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил на булеварот „Борис Трајковски“

Избрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата за 2026

Спасен маж кој се давел во Вардар, случаен минувач го забележал и го извлекол