Утрински Весник
Свет

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан припаѓа на ЕУ

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан припаѓа на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, истакна денеска, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, дека Унијата испраќа многу важна порака до регионот, а тоа е дека Западниот Балканот припаѓа на ЕУ.

„Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ние ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Делиме иста историја, вредности и убедена сум и иста судбина“, рече таа.

Фон дер Лејен истакна дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.

„Имаме заеднички интереси и можеме да се развиваме подобро заедно. Интеграцијата на Западен Балкан на заедничкиот пазар мора да напредува. Мојата порака до Западен Балкан е – ве сакаме во ЕУ, продолжете со реформите, целта е пред вашите очи“, рече претседателката на Европската комисија.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија