Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ураганот кој го погоди Мадагаскар усмрти 20 луѓе

Ураганот кој го погоди Мадагаскар усмрти 20 луѓе
Img 7972

Во ураганот Батсирај, кој го погоди Мадагаскар, загинаа 20 луѓе, јавува Анадолија.

Во соопштението на локалните власти се вели дека ефектите од ураганот, кој во текот на викендот достигна област од 530 километри од Антананариво, сè уште се чувствуваат.

Ураганот достигна брзина од 230 километри на час, што резултираше со евакуација на повеќе од 48.000 луѓе, а претходно го погоди и соседниот остров Реунион, каде беа повредени 12 лица.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОН) соопшти дека се очекува околу 600.000 луѓе да ги почувствуваат последиците од ураганот.

На Мадагаскар на 27 јануари е прогласена вонредна состојба поради врнежи и поплави. Повеќе од 132.000 луѓе беа евакуирани во 12 региони.

Можете да прочитате

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура