Утрински Весник
Македонија

Управниот суд досега не прифати ниту една тужба во однос на изборите

Управниот суд досега не прифати ниту една тужба во однос на изборите

Управниот суд и во вториот ден од својата работа не прифати ниту една од тужбите поднесени од политичките партии во врска со изборниот процес.

Негативни одлуки од денешните седници добија Левица, СДУ, Демократи и МОРО – Работничка партија.

Станува збор за вкупно 104 тужби, од кои 101 од Левица, кои ги разгледуваа судечките совети од Управен на неколку одвоени расправи.

Утре судиите ќе ги разгледуваат двете поднесени тужби од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и по една од Демократи и од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија”.

Претходно Управниот одби една тужба од партијата Интегра, 75 од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои неаздоволни од овие одлуки најавија протест за в понеделник.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: 19-годишно момче пронајдено мртво во стан, колегите од „Кромберг и Шуберт“ се простуваат

Меџити: Зајакнувањето на економската соработка со САД е важно за развојот на земјата

Прегазен редок балкански рис на Буково