Утрински Весник
Свет

УНХЦР: Ова е најбрзо растечката бегалска криза во Европа по Втората светска војна

УНХЦР: Ова е најбрзо растечката бегалска криза во Европа по Втората светска војна

Повеќе од 1,5 милиони бегалци од Украина се преселиле во соседните земји во последните десет дена, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Тоа е „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, напиша на Твитер комесарот на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Се очекува бројот на бегалци кои во неделата од Украина преминаа во Полска да надмине еден милион. Полските податоци покажуваат дека 129.000 луѓе ја минале границата еден ден претходно, што е рекорден ден од почетокот на рускиот напад. На мажите на возраст за мобилизација им е забрането да ја напуштат земјата, така што повеќето жени и деца ја минуваат границата.

Романија прими 227.000 Украинци, а до 24 февруари 163.000 влегле во Унгарија и 114.000 во Словачка.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран