Утрински Весник
Свет

УНИЦЕФ: 28 компании ќе произведуваат вакцина против Ковид-19 во следните две години

УНИЦЕФ: 28 компании ќе произведуваат вакцина против Ковид-19 во следните две години
Dik 300x250 mk

Огромни количини вакцина за коронавирус може да произведат 28 компании од десет земји во следните две години, соопшти УНИЦЕФ откако потврди дека тоа ќе помогне во управувањето со нивната набавка и дистрибуција.

УНИЦЕФ објави дека 28 фармацевтски компании потврдиле дека ќе бидат вклучени во производството на вакцината против Ковид-19 во следните две години, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, производителите посочија дека проекциите за производство на вакцини во следните две години во голема мера зависат од успехот на клиничките испитувања, склучените договори за откуп, потврденото финансирање и поедноставување на регулаторните процедури. Улогата на УНИЦЕФ во управувањето со набавката и дистрибуцијата на вакцините е дел од Ковакс-програмата за развој на вакцините, во која во моментов учествуваат 76 нации.

Во својата нова улога во рамките на програмата „Ковакс“, УНИЦЕФ учествува во купувањето и еднаквата дистрибуција на вакцината против коронавирус. Агенцијата на Обединетите нации годишно набавува повеќе од две милијарди вакцини за рутинска имунизација во речиси сто земји во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби