Утрински Весник
Свет

Универзитетот „Принстон“ се соочува со истрага по признавањето дека има расизам

Универзитетот „Принстон“ се соочува со истрага по признавањето дека има расизам

Универзитетот „Принстон“ би можел да биде принуден да врати милиони долари од федералното финансирање и да биде парично  казнет поради неодамнешното признавање на неговиот претседател дека во оваа институција од „Ајви лигата“ расизмот се уште опстојува, пренесува „Њујорк пост“.

Во писмото до претседателот на „Принстон“, Кристофер Ајзгрубер, Министерството за образование на САД вели дека отвора истрага за писмото од 2 септември во кое тој ги истакнува „напорите на училиштето да се избори против системскиот расизам“.

„Меѓу другото, рековте дека расизмот и штетата што им ја нанесува на обоените луѓето продолжуваат на „Принстон“ , а расните претпоставкиа остануваат вкоренета во структурите на универзитетот“, напиша помошник-секретарот Роберт Кинг од Канцеларијата за терцијарно образование.

„Признатиот“ расизам на „Принстон“ покренува прашања за точноста на гаранциите за недискриминација и еднакви можности што му се доставуваат на Министерството за образование во замена за повеќе од 75 милиони долари пари од даночни обврзници откако Ајзгрубер ја презеде функцијата во 2013 година, вели Кинг.

Официјалните лица се загрижени и дека многуте тврдења на „Принстон“ за недискриминација и еднакви можности дадени на учениците, родителите и потрошувачите на пазарот за сертификати за образование можеби биле лажни, погрешни и лажно прикажани.

Во писмото на Кинг се бара од „Принстон“ да даде мноштво досиеја и писмени одговори на прашања во рок од три недели, а Ајзгрубер и назначен корпоративен претставник да бидат достапни за транскрибирани интервјуа, под заклетва, во рок од четири недели.

„Врз основа на фактите, секретарот за образование, Бетси ДеВос,  може да разгледа мерки против „Принстон“ за давање лажни гаранции за недискриминација во Договорот за учество во програмата, вклучително и мерки за враќање на средствата. Исто така, таа може да разгледа мерки против „Принстон“ за дадени значителни погрешни прикази за природата на неговата образовна програма, вклучително и казнена постапка “, напиша Кинг.

Во писмото, за кое во четвртокот прво пишуваше „Вашингтон егзаминер“, Кинг истакна дека сојузните службеници биле свесни за предизвиците што ги носи Ковид-19 за високообразовните институции.

„Сепак, сериозната, дури и шокантна природа на признанијата од „Принстон“ го принудува министерството да реагира со соодветна брзина“, додаде тој.

Истрагата ќе ја спроведе Канцеларијата на генералниот совет на Министерството за образование, а предметот е упатен и до Одделот за граѓански права при Министерството за правда на САД и Канцеларијата за граѓански права на Министерството за образование за какво било дополнително дејствие што тие го сметаат за соодветно, рече Кинг.

Портпаролот на „Принстон“, Бен Чанг, во писмената изјава рече дека универзитетот ќе му одговори на Министерството за образование во догледно време.

„Жално е што министерствто навидум верува дека искрената борба со историјата на нацијата и сегашните ефекти на системскиот расизам е непочитување на постојниот закон. Универзитетот не се согласува и едвај чека да ја унапреди нашата образовна мисија со објаснување зошто нашите изјави и постапки се во согласност не само со законот, туку и со највисоките идеали и стремежи на оваа земја “, напиша Чанг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно