Утрински Весник
Свет

УНЕСКО го усвои првиот меѓународен документ за вештачка интелигенција

УНЕСКО го усвои првиот меѓународен документ за вештачка интелигенција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

УНЕСКО објави дека го усвоил првиот меѓународен документ за етика на вештачката интелигенција (AI) со цел регулирање на револуционерните технологии кои покрај многуте придобивки, носат и големи опасности за општеството.

„Технологиите на вештачката интелигенција можат да донесат големи придобивки за човештвото“ и „сите земји можат да имаат корист од нив“, но „истовремено покренуваат фундаментални етички прашања“, се посочува во воведот на препораката од 28 страници, ратификувана од 193 земји-членки на УНЕСКО.

„Треба да се обезбеди транспарентност и разбирливост за работењето на алгоритмите и податоците од кои тие се изведени“, бидејќи тие можат да влијаат на „човековите права и основните слободи, родовата еднаквост и демократијата“, велат од меѓународната организација со седиште во Париз.

Не така одамна, „Фејсбук“ се најде на мета на критики за поларизирање на општествата преку прикажување на екстремистичка и неточна содржина.

Препораката на УНЕСКО, резултат на работата кон која се пристапи во 2018 година, ги истакнува вредностите – „почит, заштита и унапредување на човековите права, различност и инклузивност, промоција на ‘мирно општество’ и животна средина“.

Во неа исто така се наведени и задачите што мора да ги исполнат потписниците, особено законодавниот механизам за регулирање и надзор на вештачката интелигенција, за гаранција за целосна безбедност на личните и чувствителни податоци и за едукација на граѓаните на оваа тема.

Русија, Кина и Иран, земји кои редовно се мета за кршење на човековите права, се потписници на текстот кој, како што признава УНЕСКО, е стимулативна мерка без можност за санкции.

САД и Израел, земји многу активни на полето на новите технологии, не се членки на УНЕСКО.

Можете да прочитате

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина