Утрински Весник
Свет

Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните

Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните

Пoртугалија, една од земјите со највисок процент на вакцинирани жители, повторно воведува некои ограничувања за да го спречи порастот на инфекциите со Ковид-19.

Властите наведоа дека сите патници кои доаѓаат во земјата, дури и оние кои се целосно вакцинирани, мора да приложат негативен тест при пристигнувањето, пишува „Ројтерс“.

„Не е важно колку е успешна програмата за вакцинација. Треба да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик“, изјави премиерот Антонио Коста на денешната прес-конференција.

„Гледаме значително зголемување на бројот на нови случаи во ЕУ, а Португалија не е остров“, додаде тој.

Коста, исто така, најави дека оние кои се целосно вакцинирани мора да покажат негативен тест за коронавирус кога влегуваат во ноќни клубови, барови, настани и домови за стари лица, а носењето маски во затворен простор повторно е задолжително.

Можете да прочитате

Спектакуларен грабеж на ексклузивна златарница во Париз: Крадци однеле богат плен

Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков

Компанијата на Безос планира нови вселенски летови од 19 мај