Утрински Весник
Свет

Унгарските власти ги повикуваат граѓаните да веруваат во кинеската вакцина

Унгарските власти ги повикуваат граѓаните да веруваат во кинеската вакцина

Во пресрет на денешниот почеток на вакцинацијата со кинеската вакцина, унгарските власти ги повикаа граѓаните да веруваат во вакцините што се одобрени во земјата.

Државниот секретар на Унгарија, Иштван Ѓорѓи, рече дека на лекарите од општа пракса низ целата земја, кои ќе имаат на располагање 55 дози вакцина на „Синофарм“, им е наредено да им ги дадат на најстарите пациенти, пренесува АП.

Џорџи рече дека 275.000 граѓани ќе примат кинеска вакцина оваа недела, пренесува АП.

„Сите вакцини што се достапни во Унгарија се безбедни и можат да обезбедат заштита од вирусна зараза“, рече Џорџи.

Унгарија ќе биде првата земја во Европската Унија која ќе им даде кинеска вакцина на своите граѓани, иако, како што тврди АП, анкетите на јавното мислење покажуваат дека довербата на Унгарците во таа вакцина е на ниско ниво.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа