Утрински Весник
Свет

Унгарија ја стави армијата во состојба на готовност

Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровнички денеска издаде наредба вооружените сили на земјата да бидат ставени во состојба на готовност.

dobivaj vesti na viber

„ Се соочуваме со невидени безбедносни предизвици, како што е војната во нашето соседство и насилни илегални мигранти кои ја опсадуваат границата“, изјави Шалај-Бобровнички на Фејсбук, пренесе агенцијата МТИ.

Тој додаде дека со слични предизвици се соочуваат нациите низ Европа. Велика Британија објави дека ги мобилизирала своите вооружени сили, Словачка прогласи вонредна состојба, а Полска ја зголемува борбената готовност, рече унгарскиот министер.

„ И ние мора да бидеме вооружени и подготвени“ предупреди унгарскиот министер.

Шалај-Бобровнички рече дека во интерес на зачувување на мирот во Унгарија, му наредил на началникот на Генералштабот да ја стави армијата на повисоко ниво на подготвеност.

Тоа значи, додаде тој, дека армијата ќе има повеќе вежби во наредните недели и месеци. Вежбите ќе бидат забрзани и ќе бидат повикани повеќе резервисти.

Можете да прочитате

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина

Околу 40 убиени во нови напади на израелската војска врз цивили околу точките за дистрибуција на помошта во Појасот Газа

Три години живеел со телото на мртвиот брат, го нашле мумифициран