Утрински Весник
Свет

Унгарија ја продолжи вонредната состојба до 8 февруари

Унгарија ја продолжи вонредната состојба до 8 февруари

Унгарија одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 8 февруари, воведена заради борба против ширењето на вториот бран на пандемијата на коронавирус, се вели во усвоената уредба.

Ограничувањата, кои вклучуваат полициски час меѓу 20 и 5 часот наутро, забрана на собири и настава од далечина за ученици и студенти, требаше да траат до 11 декември. Сега тие можат да бидат продолжени за дополнителни два месеци.

Бројот на лица заразени со коронавирус нагло се зголеми од септември, но дури во почетокот на ноември премиерот Виктор Орбан реши да ги заостри мерките.

Во Унгарија се регистрирани повеќе од 4.200 нови случаи и 99 смртни случаи во изминитатите 24 часа, што е мало намалување од минатата недела кога имаше рекордни бројки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени

Ќерката на Бил Гејтс обвинета за контроверзна практика што на компанијата ѝ носела приходи

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра