Утрински Весник
Свет

Унгарија се противи на воведување санкции за патријархот Кирил

Противењето на Унгарија на потенцијалните санкции на ЕУ против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил е познато одамна, објави денеска Берталан Хаваси, претставник за медиуми на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Лидерите на Европската унија се согласија за шестиот пакет санкции против Русија претходно оваа недела, а тројца неименувани дипломати за „Ројтерс“ во средата изјавија дека Унгарија го блокира усвојувањето на пакетот санкции, инсистирајќи на отстранување на патријархот Кирил од листата на санкционирани лица.

Хаваси додаде дека Унгарија ќе се придржува до договорот потпишан на самитот на ЕУ претходно оваа недела и дека по тој повод никој не се противел против ставот на Унгарците во однос на патријархот Кирил, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на унгарската агенција МТИ.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција