Утрински Весник
Свет
Img 7972

Унгарија одобри уште една кинеска вакцина

Унгарија одобри уште една кинеска вакцина
Img 7972

Кинеската компанија „Кансино биолоџикс“ објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е одобрена за итна употреба во Унгарија, што е втора кинеска вакцина одобрена во таа земја, по онаа на „Синофарм“.

Унгарскиот национален институт за фармација и исхрана даде одобрение за вакцината, врз основа на привремени резултати од третата фаза на клинички испитувања, се вели во соопштението на компанијата.

Вакцината „Кансино био“ е вакцина која се прима во една доза и неодамна беше одобрена за користење во Кина, Пакистан и Мексико.

Унгарија беше првата земја на ЕУ што купи и користеше кинески и руски вакцини, а првично беше критикувана поради нејзините засебни постапки на одобрување и преговарање за вакцините.

Во моментов, неколку европски земји исто така изразија интерес за набавка на овие вакцини поради доцнење на пратките од западните добавувачи.

Дневниот број на заразени во Унгарија во петокот надмина 10.000.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас