Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека предлогот на ЕУ за забрана на увозот на руска нафта ќе ја уништи унгарската економија.
Во видеото објавено на „Фејсбук“, Сијарто рече дека санкциите што ги предлага Европската комисија не нудат решение за огромните проблеми што ембаргото на руската нафта би ѝ ги создало на Унгарија.
Тој рече дека единствениот реален начин на кој ембаргото за руската нафта може да стапи во сила е да се однесува само на испораките на поморска нафта, а испораките на руска нафта преку нафтоводот да бидат целосно исклучени од ембаргото.
ЕУ на почетокот на мај објави план за целосна забрана на увозот на руска нафта до крајот на годината како дел од шестиот пакет-санкции против Русија поради инвазијата на Украина, со што Кремљ ќе го лиши од огромни приходи.
„Зборуваме за целосна забрана за увоз на руска нафта, и по морски пат и преку гасовод, и сурова и рафинирана. Тоа нема да биде лесно. Некои земји членки се многу зависни од руската нафта, но ние мора да работиме на тоа“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.