Утрински Весник
Свет

СЗО: Нулта толеранција кон Ковид-19 не е одржлива, Кина: Не се откажуваме

Кинеските мерки во борбата против Ковид-19 се мета на критики од лидерите на СЗО, пренесуваат медиумите во светот.

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, да избегне неодговорни забелешки.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, реагираше на изјавата на Гебрејесус, кој рече дека кинеската политика на нулта толеранција кон Ковид-19 не е одржлива, пренесува Ројтерс.

На редовната прес-конференција, Жао ги бранеше кинеските мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот и рече дека Кина се надева дека генералниот директор на СЗО може објективно да ја набљудува кинеската политика во борбата против вирусот.

Двата најголеми кинески града, Пекинг и Шангај, деновиве ги заострија мерките за заштита од коронавирусот за своите жители.

Додека кинеските власти се борат со најлошиот бран на епидемии на коронавирус во земјата од неговото избувнување, властите во најнаселениот град, Шангај, започнаа нови напори за ставање крај на инфекциите надвор од карантинските зони до крајот на мај, велат извори запознаени со ова прашање.

Кина е категорична дека ќе се придржува до својата политика на нулта толеранција кон Ковид, и покрај растечкото влијание врз нејзината економија, наведува британската агенција.

„Мораме да инсистираме да го регулираме протокот и да го контролираме движењето на луѓето“, се вели во соопштението на владата во Шангај, одговарајќи на прашањата на Ројтерс за најновите мерки.

Во Пекинг, на жителите на неговите најтешко погодени области им беше кажано да работат од дома, додека неколку патишта, комплекси и паркови беа затворени денеска, бидејќи градот со 22 милиони жители се бори со најтешката епидемија од 2020 година.

Можете да прочитате

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година