Утрински Весник
Свет

Унгарија: Договорите за вакцини наскоро ќе бидат јавни, и ЕК да го стори истото

Унгарија: Договорите за вакцини наскоро ќе бидат јавни, и ЕК да го стори истото

Унгарската влада објави дека е подготвена јавно да ги објави договорите за набавка на вакцините „спутник В“ и „синофарм“ и ја повика Европската Унија да го стори истото за договорите склучени од Европската комисија за набавка на вакцини, пренесува МТИ.

„Брисел го забрани објавувањето на тие договори“, рече шефот на Кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш, на редовната прес-конференција денес, пренесува агенцијата.

МТИ наведува дека Гулаш додал дека му се обратил на надлежниот комесар да им овозможи на земјите членки да бидат јавно достапни договорите за вакцини од ЕК.

Унгарскиот официјален претставник потврди дека државата ќе може да ги вакцинира сите граѓани во првата половина на годината и дека затоа ќе нарача вакцини во втората половина на годината само ако тоа биде апсолутно неопходно, а досега договорените вакцини се доволни за да еден и пол пат се имунизира целокупното население на земјата, наведува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа