Утрински Весник
Македонија

Уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома”

Уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома”

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – На плоштадот „Македонија“ се одвива акцијата „Облечете папучи и Седете дома“.

Организаторите на акцијата информираат дека оваа акција е наменета за да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. Велат дека за претставување на оваа интервенција ги избрале папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација.

– Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание”) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас, велат организаторите на акцијата. 

Оттаму велат дека оваа акција е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во обложувалница во Аеродром: Тројца скопјани се степале, кршеле шишиња и чаши

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години – еден век наука, истражување и грижа за природното наследство

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка