Видео проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе бидe прикажан на меѓународниот интермедијален уметнички фестивал Кросинг Бордер во Хонг Конг, во периодот 1-20 Октомври 2020 година.
На фестивалот годинава учествуваат над 30 уметници активни во сферата на видео арт, дигиталната анимација и перформанс арт од Кина, Јужна Кореја, Британија, Австрија, Полска, Германија, итн.
Видео артот на Попоски насловен „Градот сам“ ја истражува просторната онтологија и постхуманата дејствителност во периодот на антропоценот, од перспектива на постхумана естетика.
Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 80 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.