Утрински Весник
Спорт

Ултрасите на ПСЖ се лути: Овој клуб собира ѕвезди како разгалено дете

Ултрасите на ПСЖ се лути: Овој клуб собира ѕвезди како разгалено дете

Collectif Ultras Paris (ЦУП), една од највлијателните навивачки групи на Пари Сен-Жермен се јавија со соопштение во кое се незадоволни од водењето на супер-богатиот клуб, приодот кон пазарот на играчи, но и домашните разочарувачки резултати, како елиминацијата од Купот на Франција од Ница во понеделникот.

„Предолго овој клуб ни нуди поглед каков што веќе не можеме да го поддржуваме. Ова е клуб кој собира ѕвезди како разгалено дете, без да се грижи за спортските последици. Клубот сака да биде толку голем што се дава впечаток дека сезоната почнува во февруари во Лигата на шампионите без да се внимава на домашните трофеи. Веќе не го препознаваме овој клуб, и нашето трпение е на крај. Секогаш сме ја нуделе нашата цврста поддршка и покрај огромните разочарувања. Денеска алармираме! Тренери, играчи, време е да реагирате или ќе продолжиме да доживуваме неприфатливи разочарувања. Почитувајте не, почитувајте ги нашите бои“, се вели во објавата на ЦУП.

> Ултрасите на ПСЖ се лути: Овој клуб собира ѕвезди како разгалено дете <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина