Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Улиците во Мариупол полни со трупови – жителите имаат храна уште три дена

Улиците во Мариупол полни со трупови – жителите имаат храна уште три дена
Img 7972

Украинскиот пратеник Дмитриј Гурин изјави за Би-Би-Си дека властите во Мариупол, град во југоисточна Украина под опсада на руските сили, веруваат дека имаат залихи со храна уште само три дена.

Гурин, чии родители живеат во Мариупол, рече дека од канцеларијата на градоначалникот му било кажано дека улиците се полни со трупови и дека властите биле „принудени да ископаат масовна гробница за 33 лица, бидејќи гробиштата биле недостапни поради гранатирање“.

– Сега имаме ситуација кога цивилите и мирните градови се брутално бомбардирани. Моите родители живеат во источниот дел на Мариупол, таму нема ниту воена инфраструктура – ​​изјави Гурин за Би-Би-Си.

Тој ги повика западните земји да признаат дека „Трета светска војна веќе започна“ и ги повика САД да и дозволат на Полска да ги опреми украинските воздухопловни сили со борбени авиони МИГ-29 од советско производство.

– Прашањето е само колку Украинци ќе загинат додека тоа не се случи. Сметаме дека ова е важен избор, не само за нас туку и за вас и за вашата иднина – изјави украинскиот пратеник, пишува Би-би-си.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа