Утрински Весник
Свет

Украинците стравуваат од масакр во Мариупол: „Населба од речиси 130.000 жители е целосно уништена“

Украинците стравуваат од масакр во Мариупол: „Населба од речиси 130.000 жители е целосно уништена“
Dik 300x250 mk

Официјални лица од градот Мариупол, во југоисточна Украина, недалеку од границата со Русија, велат дека стравуваат од голем број жртви по повеќечасовното руско гранатирање.

Заменик-градоначалникот Сергиј Орлов вели дека населба крај реката, дом на околу 130.000 луѓе, вклучувајќи го и неговиот татко, е речиси целосно уништена.

„Не можеме да ги изброиме жртвите таму, но се плашиме дека барем неколку стотици се мртви. Не можеме да одиме таму по телата“, изјави тој во телефонски разговор со Би-би-си.

„Руската армија овде го користи целото свое оружје – артилерија, повеќецевни ракетни фрлачи, авиони, проектили… Тие се обидуваат да го уништат градот“, рече Орлов. Тој вели дека руските сили го опколиле градот од сите страни и дека се на неколку километри.

„Украинската армија е многу храбра и ќе продолжи да го брани градот, но Русите напаѓаат како пирати. Тие не се борат, тие едноставно уништуваат цели населби“, рече Орлов.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно