Утрински Весник
Свет

Украинците одговорија на заканата на Путин: Дали тоа е математиката на Сталин

Украинците му одговорија на Путин поставувајќи му го прашањето: „Дали тоа е математиката на Сталин“.

dobivaj vesti na viber

Михаило Подољак, клучниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговори на новата закана на рускиот претседател, Владимир Путин, кој претходно изјави дека Русија само што започнала во Украина.

„ 37.000 загинати руски војници. Заедно со ранетите, тоа е од 98 до 117 илјади луѓе. 10 генерали елиминирани, 1.605 тенкови, 405 авиони и хеликоптери се претворија во отпад. Русија сè уште не ни почнала да се бори? Дали Кремљ размислува за војна користејќи ја Сталиновата математика – 20 милиони мртви?“, праша Подољак на Твитер.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот