Утрински Весник
Свет

Украинците објавија снимка од жестоко бомбардирање: „Уништивме 30 непријателски цели“

Украинските сили на еден од официјалните канали на социјалните мрежи објавија видео од бомбардирање на руските позиции во близина на градот Изум на истокот на земјата.

„Контролен пункт, магацин за опрема и руски сили беа идентификувани во близина на Изум и уништени“, пишува украинската војска.

Оттаму велат дека биле уништени 30 непријателски цели, од кои половината биле тенкови. Снимката е објавена утрово, но не се знае кога е направена. Автентичноста на снимката не е потврдена од независни извори.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија