Утрински Весник
Свет

Украински цивили се подготвуваат за одбрана на Киев

Украински цивили се подготвуваат за одбрана на Киев

Вооружените сили на Украина се подготвуваат за одбрана на Киев, кој е цел на руски напад, а бројни цивили доброволно им помагаат да се подготват за одбрана на центарот на градот.

Руската армија пристигна на периферијата на Киев, а украинските сили поставија бројни контролни пунктови и барикади на периферијата на главниот град на земјата.

На репортерскиот тим на АА не му беше дозволено да ги сними тие контролни пунктови и барикади за да не дојде до компромис.

Во копањето ровови на периферијата на Киев учествуваат и цивили, кои доброволно држат и чуваат стратешки важни позиции за одбрана на градот.

Меѓу волонтерите кои застанаа на бранителите на Киев е и 52-годишниот Ендрју Чукалов, кој секојдневно стражари без разлика на студот и ризиците што ги носи овој патриотски чин.

„Тука сум да ја бранам мојата земја, моето дете, мајка ми и моите сограѓани. Ние сме волонтери од Киев. Не сакаме да видиме Руси овде. Ние само сакаме мир“ – рече тој.

Можете да прочитате

Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба