Утрински Весник
Свет

Украински министер објави фотографија: Руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда

Украински министер објави фотографија: Руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави фотографија од бомбата на Твитер.

„Оваа ужасна руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда во Чернихив. Таа не експлодира, но многу други – да. Убија невини мажи, жени и деца. Помогнете ни да го заштитиме нашиот народ од руските варвари. Помогнете ни да го затвориме небото. Дајте ни борбени авиони. Направете нешто!“, напиша Кулеба.

Можете да прочитате

Венецуелската држава Ла Гваира прогласена за зона на катастрофа

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал