Утрински Весник
Свет

Украинска новинарка на „Фокс њуз“ загина во Киев

Украинска новинарка на „Фокс њуз“ загина во Киев

Загина украинската новинарка Олександра Кувшинова во истиот инцидент во кој животот го загуби и камерманот на телевизијата „Фокс њуз“, Пјер Закржевски, објави синоќа американската телевизиска мрежа.

Олександра „Саша“ Кувшинова (24), која работела како независен консултант за „Фокс њуз“, била убиена заедно со снимателот Закржевски, откако нивното возило било погодено во вкрстен оган, објави американската ТВ мрежа на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се наведува дека Закржевски бил во тимот со новинарот на „Фокс њуз“, Бенџамин Хол во моментот на инцидентот во понеделникот, кога биле нападнати во близина на украинската престолнина Киев.

Новинарот Бенџамин Хол е повреден и ќе остане во болница, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија