Утрински Весник
Свет

Украинската војска објави цртан филм во кој се исмејува руската армија

Украинската војска објави цртан филм во кој се исмејува руската армија
Dik 300x250 mk

На Јутјуб профилот на копнената армија на Украина е објавено анимирано видео во кое се исмејува руската армија.

На цртаниот филм се гледа група ракови во шлемови со украинско знаме и галеб со буквата „З“ кои се обидуваат да ги нападнат. Кога ќе нападнат, раковите се собираат и го одбиваат галебот кој останува поразен и лежи на земја.

Претходно денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за наводните руски воени загуби.

Тие тврдат дека Русите изгубиле 17.000 војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари до денес.

Тие додаваат дека нивните сили уништиле 586 руски тенкови, 1.694 оклопни борбени возила, 302 артилериски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 противвоздушни системи и седум бродови.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција