Утрински Весник
Свет

Украинската вицепремиерка: Во тек се тешки преговори за евакуација на борците од Азовстал

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека преговорите со Русија за евакуација на украинските борци од фабриката за челик Азовстал биле „многу тешки“ и дека нивниот исход можеби нема да биде задоволителен за сите страни.

– Резултатот од преговорите можеби не е по волја на сите, но наша задача е да ги евакуираме нашите момци. Сите до еден – изјавила таа во објава на интернет, пренесува Ројтерс.

Лидерот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, потврди за Си-Ен-Ен дека се водат „тешки преговори“ со цел постепено да се спасат сите „бранители“ бидејќи, како што вели, Русија постојано диктира нови услови и барања.

„Борците се тешко ранети“, рече тој.

Според него, руските сили продолжуваат да го гранатираат Азовстал.

Можете да прочитате

Екстремни горештини во Шпанија: Нов јунски рекорд од 46 степени

Од следната година, Кан ќе забрани крузери да се приближуваат до градот

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа