Утрински Весник
Свет

Украина ја обвини Русија дека украла 600.000 тони жито

Украински функционер ја обвини Русија дека украла околу 600.000 тони жито од Украина, за кои тврди дека подоцна биле транспортирани на Блискиот Исток, јавува Си-Ен-Ен.

Во изјавата, Денис Марчук, заменик-претседател на Јавното здружение на украинскиот аграрен совет, тврди дека житото било украдено од окупираните региони на југот на земјата.

Тој тврди дека житото било транспортирано до пристаништето Севастопол на територијата на Крим, кој бил окупиран од Русија, пред дополнително да биде испратен на Блискиот Исток.

Отворени се кривични случаи и од меѓународните судови се бара да ѝ исплатат компензација на Русија за оние кои се погодени од овие дејствија, рече Марчук.

Тој ги нарече акциите на Русија добро испланирана операција на окупаторите.

Русија се уште не одговорила на обвинението на Марчук.

Можете да прочитате

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата