Утрински Весник
Економија

Украина собра над 10 милиони долари од донации во криптовалути

Украина собра над 10 милиони долари од донации во криптовалути

Украина од почетокот на војната со Русија собра повеќе од 10 милиони долари преку илјадници донации во криптовалути, објави компанијата за анализа на блокчејн „Елиптик“, јавува Агенција Анадолија.

Официјалниот профил на украинската Влада на Твитер во четвртокот обезбеди две сметки за криптовалути – едната само за примање биткоин, а другата за преземање етерум и тетер.

„На сметките наведени во објавите на Твитер веќе пристигнале 10,2 милиони долари преку 12.799 трансакции“, според анализите на компанијата.

„Елиптик“ истакна дека вкупните крипто донации за украинската Влада и невладините организации кои ја поддржуваат војската сега изнесуваат 16,7 милиони долари.

 

Можете да прочитате

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Од полноќ повисоки цени на горивата