Утрински Весник
Магазин

Мила Јовович запрепастена од нападот врз нејзината родна земја

Мила Јовович запрепастена од нападот врз нејзината родна земја

Мила Јовович вели дека е преполовена на два дела од ужасот што се случува во нејзината родна земја Украина.

Актерката од „Притаено зло“ (Resident Evil), која е родена во Киев, а родителите ѝ се Руси, откри дека нејзиното срце е скршено и дека е запрепастена откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена инвазија на соседната земја во раните утрински часови минатиот четврток (24 февруари).

Во објава на Инстаграм, 46-годишната Мила напиша: „Срцето ми е скршено, занемена сум, се обидувам да ги сфатам настаните во мојата родна Украина.“

„Мојата земја и народ се бомбардирани. Пријателите и членови на семејството се во скривници. Мојата крв и моите корени потекнуваат и од Русија и од Украина.“

„Се чувствувам скината на два дела додека го гледам ужасот, земјата се уништува, семејствата се раселени, целиот живот лежи во јагленисани фрагменти околу нив“.

Јовович е родена во Киев од мајка Русинка и татко Сибирец. Набргу по нејзиното раѓање, семејството се преселило во Москва, каде таа го поминала поголемиот дел од раното детство.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои мислат дека луѓето ќе се променат 

Вил Смит се соочува со тужба за сексуално вознемирување

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година