Утрински Весник
Свет

Украина: Ситуацијата во Мариупол може да биде „црвена линија“ за преговорите со Русија

Украина: Ситуацијата во Мариупол може да биде „црвена линија“ за преговорите со Русија

Страшната ситуација во Мариупол може да биде „црвена линија“ и да застане на патот на мировните преговори, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Говорејќи за CBS News, Кулеба рече дека во скоро време немало директна дипломатска комуникација меѓу Русија и Украина на ниво на министри за надворешни работи, додавајќи дека очекува „ескалација на тешките борби во источна Украина“ во наредните недели.

„Нема разговор на високо ниво“, рече Кулеба.

Уукраинските војници претходно денеска го одбија рускиот ултиматум да го положат оружјето во Мариупол, а украинскиот премиер Денис Шимхал рече дека украинските сили во тој опколен и разурнат пристанишен град сè уште се борат.

Русите, пак, тврдат дека нивните сили влегуваат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште на бранителите на градот.

Можете да прочитате

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви