Утрински Весник
Свет

Украина: Сите болници во Луганск се уништени

Украина: Сите болници во Луганск се уништени

Руските сили ги уништија сите болници и други здравствени установи во областа Луганск во источна Украина, објави денеска шефот на локалната власт во Луганск на „Фејсбук“.

„Од почетокот на војната меѓу Украина и Русија секоја медицинска установа во нашиот регион е нападната од руски гранати“, објави Сергеј Гајдаи на „Фејсбук“.

Тој објави и неколку фотографии од оштетената болница во Рубижња за која напиша дека е „нова“ и „полна со напредна опрема“.

Гајдаи го обвини главниот лекар на болницата за предавство откога тој се согласи со тврдењето на Русија дека украинските сили стојат зад уништувањето на болницата.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп