Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина се приближива кон членството во ЕУ

Украина се приближива кон членството во ЕУ
Img 7972

Украина речиси целосно одговори на прашалникот за пристапување на Европската унија, рече претседателот Володимир Зеленски во видео порака доцна синоќа.

„Работата е речиси завршена и наскоро ќе ги доставиме нашите одговори до претставниците на Европската унија“, рече претседателот Зеленски.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела во посета на Киев го предаде прашалникот кој служи како почетна точка за Европската унија да започне пристапни преговори.

Украина поднесе барање за членство во Европската унија по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Процесот на пристапување во Европската унија е сложен и одзема многу време, па дури и ако Комисијата позитивно ја оцени подготвеноста на земјата-кандидат, може да поминат години пред да се отворат преговорите.

Фон дер Лајен му вети на украинскиот претседател дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани, велејќи дека „тоа нема да биде прашање на години како и обично, туку неколку недели“.

Можете да прочитате

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток